[Видео] Рутер 2.0 – конференција за се’ или ништо

 Зошто се стримаат македонски диџеи и што е тоа толку кул? Улична уметност што беше тоа – има ли Скопје уште душа? Зошто станав мајка и како технологијата ми помогна да станам подобра во тоа? Како да не те ограбат во Скопје ако си турист од Русија и како да нарачаш точено пиво? Како да (не) шириш лажни вести и како да (не) правиш пари од тоа?

Ова беа дел од прашањата што пробаа да ги одговорат говорниците на конференцијата „Рутер 2.0“, која изминатава недела се одржа во „Винил“.

Се работи за прво издание на оваа конференција која се обидува да ја истакне бесмисленоста на организирање вакви настани и ја исмее оваа култура.

„Воедно, целта е не само да се ридикулизира секој обид, туку напротив преку организирање вистински инклузивен грас рут да се прикаже патот и начинот на организирање на вистински ефективна конференција“, рекоа од „Брокула“.

Подолу погледнете ја цела „Рутер 2.0“ – конференција за се’ или ништо: