[Видео] „Reminder“ – нов сингл и видео на Кирил Џајковски

По подолга пауза, македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски се враќа на сцената. Тој го објави новиот сингл „Reminder“за кој е изработен и видеоспот.

Песната „Reminder“ е прва соработка со новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот David Lion и претставува комбинација на Balkan Beat звукот со glitch-hop и реге влијанија.

Ова издание под етикетата на „Филтер Лабел“ е прво во низата синглови со нова музика на Џајковски што ќе бидат објавени во текот на следните месеци.