[Видео] Порака од вселената: Нема планета Б за човештвото

Астронаутот Александар Герст од Европската вселенска агенција испрати апел до Светскиот самит за климатски промени (#COP24) во Катовице, Полска.

„Имам уникатен поглед кон нашата планета“, вели во видеопораката што ја упати тој од Интернационалната вселенска станица.

„Од овде ја гледам нејзината убавина, нејзината кревкост, како и влијанието што луѓето го создаваат. Во ваши раце е иднината на целиот свет“.

Во продолжение, слушнете ја целата порака на астронаутот Герст.