[Видео] По 22 години, „Ласт експедишн“ повторно се вратија со песна и спот

„Хеј хо“ e прва песна на култниот рокенрол составот „Ласт експедишн“ по 22-годишна издавачка апстиненција, иако составот на повеќе пати низ годините се собираа по разни настани и фестивали да ги засвират старите песни.

Новата песна има и нов видео запис во режија на Дарко Антоновски, снимана кај Мите Димовски „Тралала“. Музика и текстот е на Енко, кој е и вокал, на гитари се Сецко и Салпе, на тапани e Сашко Коцев, а на басот Драган Стојковски.

„Ласт експедишн“ e формиран во 1985 во скопско Ѓорче Петров. Досега имаат четири албуми – „Интро“, „Изгубени ликови“, „Бокс“ и „Лајв А1“.