[Видео] Огледи за системска трансформација на иднината – земјоделско задругарство во С. Македонија

Кои се потенцијалите земјоделството во нашата земја да се организира задругарски, и каков импакт тоа би имало врз состојбата на земјоделците, животната средина, пласманот на производството, правата на жените и други состојби?

Овие прашања се подетално отворени и во надоаѓачката публикација „Друг свет“, а сега се вовед во краткиот филм кој го презентираше „Плоштад слобода“ со поддршка на Фондацијата Хајнрих Бел – канцеларија за Албанија, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија.

Автор на филмот е Петар Клинчарски, камера – Иван Нишотовски, монтажа – Роберт Блажевски, а теориска консултација – Ивана Драгшиќ. Краткиот филм е снимен во јули 2020 година.