[Видео] Објавен трејлерот за новата сезона на „Black Mirror“

Нетфликс објави детали за новата, 5-та сезона на популарната серија „Black Mirror“ во која се појавуваат актерски имиња како Ендру Скот, Мајли Сајрус и Ентони Меки.

Во новиот трејлер за наградуваниот дистописки серијал, Скот е прикажан како лик опседнат со технологија и бесен на општеството.

Сајрус игра улога на поп-ѕвезда со виолетова перика, во една од епизодите во која темата најверојатно е Алекса на иднината – кукла која исто така носи виолетова перика и која е опишана како „отров“ .

Ѕвездата на Авенџерс, Меки, се појавува епизода во која игра улога на човек кој е незадоволен од семејните односи и кој решението го бара низ нов технолошки производ.

5-тата сезона ќе биде прикажана на 5-ти јуни и ќе има три епизоди.