[Видео] Oбјавен официјалниот документарец за „Free Earth Festival 2019“

Тимот што стои позади психоделичниот „Free Earth Festival 2019“ во Грција, го објави официјалниот краток документарец за фестивалот што годинава се одржи покрај плажа на Ситонија, Халкидики.

Во филмчето се вклучени изјави и ставови на дел од артистите, но и целата атмосфера на трите подиуми, со сите патувачи, журкаџии, фестивалџии од 100 земји од светот, кои танцуваат и уживаат во сите пропратни активности што ги нуди „Free Earth Festival“.