[Видео] Нуркачите од „Акватек“ снимија загрозени ракови со јајца на дното на Охридското Езеро

Нуркачите од охридскиот клуб „Акватек” споделија ново видео од дното на Охридското Езеро на која се гледа живеалиште од загрозените слатководни ракови со јајца.

„Прекрасно зимско студено нуркање на длабочина од околу 10 метри, наидовме на живеалишта од слатководни ракови. Овие ракови порано ги среќавале на брегот од езерото, но сега брегот од езерото е узурпиран и ретко се среќаваат на брегот, но ги има, се размножуваат, треба да ги чуваме. Да го зачуваме Охридско Езеро за идните генерации“, велат во пораката од „Акватек“.