[Видео] Новогодишна честитка за поддршка на децата со ретки болести од дното на Охридското Езеро

Нуркачите на Клубот за подводни активности „Охрид“ ги упатија своите новогодишни честитки до децата со ретки болести, за кои накитија и им ја посветија нивната ретка подводна новогодишна елка.

Преку акцијата посакаа во 2022 да влеземе со надеж за подобри денови.

„За оваа категорија на дечиња потребна е поголема достапност на терапијата, која значи живот за нив, но и одобрување на и нови терапии, порачаа нуркачите“, велат од Здружението „Ретки болести-Охрид“.