[Видео] Не те интересира политика, иако постојано плаќаш за неа?

Во првата епизода од серијалот анимирани видеа „Да ти нацртам“ на Balkon 3, која е насловена „Не ме интересира политика“, авторите сликовито објаснуваат зошто граѓаните треба да ги интересира политиката.

Преку примери од секојдневието, тие ја истакнуваат споредбата на парите кои граѓаните ги даваат за разни услуги, со парите кои ги даваат на државата и услугите кои ги добиваат.