[Видео] На час: Еколошкото образование сведено на стари наставни програми и индивидуални напори на наставници

Еколошкото образование во наставните програми за средно образование е застапено само во две до три лекции за цела учебна година. Колку за илустрација, наставната програма по географија за средно образование е стара преку 20 години, а учењето на актуелните теми е оставено на индивидуални иницијативи на наставници.

Во новата емисија на #НаЧас раговаравме со Антонио Јовановски од невладината „Гоу Грин“, средношколецот Леонид Сајков од „Fridays For Future“ како и професорот по географија Мите Ристов кои дискутираат за моменталната состојба, но и потенцијалната иднина на овој аспект од образованието.

Дискусијата е направена во рамки на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.