[Видео] Млади активисти ја испеаја „Another Brick in the Wall“ пред МОН

Неколку млади активисти од невладината организација „Еквалис“ денеска ја изведоа песната „Another Brick in the Wall“ од култниот бенд „Пинк Флојд“ пред Министерството за образование и наука и уште неколку други локации во Скопје.

Со оваа изведба тие им порачаа на властите дека на младите им е важно квалитетно образование, а како што велат, образованието ќе биде унапредено само доколку јавно и гласно се зборува за тоа.

Another Brick in The Wall

Активистичкото хорче на Еквалис денеска ја изведе песната “Another Brick in the Wall“ од Pink Floyd пред Министерството за образование и наука и уште неколку други локации во Скопје. Со оваа изведба сакаме да порачаме дека на младите им е важно квалитетно образование. Образованието ќе биде унапредено само доколку јавно и гласно зборуваме за тоа.Младите бараат итни реформи во образованието и тоа во многу сфери: повлекување на сите учебници со дискриминаторска содржина, наоѓање на соодветни механизми со коишто училиштата ќе се справуваат со врсничкото насилство, сакаме училиштето да го чувствуваме како безбеден простор, сакаме да имаме основни хигиенски средства во училишните тоалети и сакаме училиштето да е место каде што се раѓа креативност, а не страв.Ги повикуваме и охрабруваме сите млади да проговорат за се она што сметаат дека е неисправно во образованието- затоа што само заеднички во еден глас можеме да донесеме промена.Ние не сме само уште една тула во ѕидот!*Овој настап и активистичкото хорче на Еквалис е инспириран од веќе постоечки граѓански иницијативи кои ја користат песната како платформа за промена. Им благодариме на „Распеани Скопјани“, нашите пријатели од хорот „Сви у Глас“ во Србија, активистичкиот хор „Ле Збор“ како и многу други од коишто постојано се инспирираме. Со ова би сакале да нагласиме дека активистичкиот хор на Еквалис е составен од активисти. **Активистите на ова хорче не се пејачи и не се занимаваат со пеење – туку само ја користат песната како платформа за пренесување порака.

Posted by Association for Educational Development – Ekvalis on Saturday, 22 February 2020

„Младите бараат итни реформи во образованието и тоа во многу сфери: повлекување на сите учебници со дискриминаторска содржина, наоѓање на соодветни механизми со коишто училиштата ќе се справуваат со врсничкото насилство, сакаме училиштето да го чувствуваме како безбеден простор, сакаме да имаме основни хигиенски средства во училишните тоалети и сакаме училиштето да е место каде што се раѓа креативност, а не страв. Ги повикуваме и охрабруваме сите млади да проговорат за се она што сметаат дека е неисправно во образованието- затоа што само заеднички во еден глас можеме да донесеме промена. Ние не сме само уште една тула во ѕидот!“, велат од „Еквалис“.

Оттаму нагласуваат дека за овој настан биле инспирирани од веќе постоечки граѓански иницијативи кои ја користат песната како платформа за промена.