[Видео] Мечките од планината Јабланица

Видео од мечки, кои во природен амбиент се снимени со помош на фото замки, беа објавени на страницата на „Wild and Hunting” од Лабуништа. Мечките се снимени на планината Јабланица, во Струга. Видеото е направено на почетокот на мај. Мечката е заштитено животно на ниво на држава, со Законот за ловство и нејзиниот лов е забранет.