[Видео] Македонски автопатишта: Асфалт на рати – друмарина за камати

И покрај тоа што ги имаат едни од најниските плати во Европа, македонските граѓани сепак плаќаат многу скапи патарини. Надоместокот за извозен километар со автомобил изнесува 2,6 денари, а усвојувањето на новата цена на патарината во 2014 година беше оправдано од ВМРО – ДПМНЕ со тврдењето дека светската економска криза завршила и висината на надоместокот мора да се зголеми за износот што возачите претходно го плаќале до 2008 година, објави Мета.

Најмногу штета од високата цена на патарините чувствува локалното население и оние кои секојдневно патуваат на работа или студии во Скопје. Тие се приморани да плаќаат речиси двојно повисока патарина од граѓаните што ја минуваат идентичната километража во соседните земји, бидејќи Јавното претпријатие за државни патишта не предвидело издавање на месечни и годишни билети за патарина што обезбедуваат попусти за редовните возачи.

Колку за споредба, секој граѓанин на Србија има право да извади месечна или годишна карта за патарина за било која дестинација. Цената на месечната карта се добива откако ќе се помножи цената на патарината за одредена дестинација со 40. Притоа, цената на патарината за изминат километар со автомобил во Србија е 1,9 денари, при што од 1 јули годинава таа се искачи на 2,1 денари. Во Грција, локалното население што секојдневно патува на одредена патарина долж автопатот Солун – Атина добива попуст и до 80 отсто на месечниот надоместок за оваа услуга.

Целиот текст на Мета – ТУКА.