[Видео] „Ласт експедишн“ и пријателите објавија нова верзија на култната „Шефе“

Рокенрол составот „Ласт експедишн“ заедно со пријатели музичари и фанови направија нова верзија и спот за култната песна „Шефе“.

Претходно тие ги повикаа и сите заинтересирани граѓани да им се приклучат онлајн во снимање на видеото.

Како што велат од групата, се потрудиле да биде градска, народска, светска, а притоа да не ја оштетат песната.

„Песната е Македонско-Американско-Канадска кооперација (копродукција) и сите ние што учествувавме во ова парче музика сме среќни и презадоволни“, соопштија од „Ласт експедишн“.

Клавијатури, микс, продукција се на Давор Јордановски, г итара – Кире Најдовски, бас – Бред Џонсон, тапани – Џо Лана Џуниор,  видео монтажа – Благоја Неделковски.

Во спотот учествуваа: Сецко, Енко, Диме, Влатко, Салпе, Драгче, Сашко, Ленин и Ноќни Волци, Ален, Ева, Бојан, Фриц, Панки, Филип, Симона, Кети, Дарко, Александар, Сашко, Драган, Славче, Гоце, Милан, Христина, Александар, Аце Флојд и колегите, Ристе Мерцедес, Зоран, Благој, Маја, Коста, Мики, Виктор, Фросина, Илија, Горазд, Дејан, Марија, Никола, Оливера, Пеце, Дејан, Бети, Филип, Мила, Влатко, Ангелина, Жарко, Горан, Анета, Кристијан, Бошко, Деко.