[Видео] Креативна анимација за музичкото видео на „Re“ на Nils Frahm

Музичкото видео за песната „Re“ од најновиот албум на Nils Frahm, „Screws“, претставува судир на животната средина прикажана преку анимацијата на 23- годишниот Balázs Simon и звуците на класична-електронска композиција.

Според, Simon, самата музика му создала приказна и свет во неговата глава, која тој решил да ја претстави преку анимација.

За видеото се препорачува да се гледа на целосен екран и со слушалки.