[Видео] Како се раѓа лебот?

Во единаесеттата епизода од серијалот „Да ти нацртам“ на Балкон3 се прикажува функционирањето на институциите, но поедноставено преку процесот на добивање леб.

„Без професионални институции што се способни да ја извршуваат својата работа, и кои се посветени на служењето на граѓаните, ниту леб нема да имаме да јадеме. Како лебот стигнува до нашата трпеза? Наједноставно, некој оди во продавница, купува леб, и го става на трпезата“, се вели во видеото, кое може да го погледнете во продолжение.