[Видео] Јасно и гласно: Културата на маргините на општеството

Последната распределба на државни пари во културата покажа дека овој сектор останува на маргините на општеството, согласни се говорниците во емисијата „Јасно и гласно“, кои во студиото на Радио МОФ говореа за проблемите со кои живеат културните работници.

Гости во студио се Исмаил Мислини, советник во Министерството за култура, Русе Арсов – в.д. директор на МКЦ Скопје, Биљана Тануровска-Ќулавковски извршен директор „Локомотива“ –  Центар за нови иницијатива во уметноста и културатаи се дел од иницијативата „Културата е насловна страница на секое општество“ и Наташа Петровиќ основачка и актерка во „Артопија“.