[Видео] Излезе документарецот за фестивалот „Озора 2018“

Унгарскиот тим „Пумпуи“ го објави официјалниот афтер-филм за психоделичниот фестивал „Озора 2018“, кој секое лето се одржува во Унгарија.

Документарецот трае скоро 70 минути, а ја прикажува целата атмосфера во мини психоделичниот град, каде во склоп на фестивалот има неколку психоделични транс бини, алтернативни стејџови, работилници, предавања, разни креативни активности, штандови…