[Видео] Изгрејсонце во Скопје после 80-часовен карантин

Авторот Иво Груевски утрово (8 јуни) сними видео со изгрејсонцето во Скопје, откако главниот град помина 80-часовен карантин. 

Според авторот, видеото е снимeно од 4:20 до 9 часот. 

„Сонцето изгреа во 4:59, а карантинот заврши во 5:00 часот утринава“, вели Груевски. 

Во видеото симболично е користена темата „Деца на Сонцето“ од Влатко Стефановски.