[Видео] Инклузивното танцово студио „Денсерс Jунајтед“ продолжува да ниже успеси

„Шампиони и во Варшава!“ – ова е пораката која неодамна ја испрати скопското танцово и фитнес студио „Денсерс Јунајтед“.

Танчерите од студиото со типичен и атипичен развој се повеќекратни државни, европски и светски прваци.

За нивните почетоци, нивната приказна, работа и пасија, но и важноста од вклучување на лицата со атипичен развој во спортски и културни активности, погледнете повеќе во видеото.

Автор: Мартин Колоски