Блогерот со име „Cooking with Branko“ објави видео преку кое повеќе јавни личности, изведувачи и граѓани ги повикува да се приклучат на хуман предизвик.
Според блогерот, хуманоста ја отсликува големината на еден човек.
„Направи од 3 до 5 оброци со буџет од 100 денари, донирај ги за социјално загрозените семејства преку #ретвитниоброк и здружението #љубезност“, повикува блогерот.