Кампањата „Гледај со срцето, прифати ја различноста“ е посветена на лицата со посебни потреби и нивните можности и таленти.
Видеото e работено по сценарио подготвено од две студентки од Институтот по дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје и ги прикажува талентите и можностите на неколку студенти со различни попречености и различности, преку нивното активно учество во спортскиот, општествениот и културниот живот.