[Видео] Engage Kicks & Gigs: Funk Shui

Фанк Шуи добро ги знаете. Бендот постои веќе осум години, во кои издаде два албуми и неколку синглови. Откако од минатата година станаа ексклузивци на Авалон продукција актуелни се токму по сингловите кои ги отсвирија за Engage Kicks & Gigs: „Крик“ и новата верзија на „Стаклени нозе“.

Лука Ѓорѓиевски, Давид Николовски, Михаил Намичев и Стефан Момиќ во студиото на Радио МОФ се појавија со маски за загадување и отсвирија гласна, „груви“ верзија на „Крик“. Само минути подоцна, емотивно, ранливо и интимно, на скромната светлина излезе „Стаклени нозе“.

Веб серијалот Engage Kicks and Gigs, во кој гостуваат млади и алтернативни бендови од Македонија, ќе има за цел да ја поддржи и промовира локалната сцена, како и да ја запознае публиката со домашните музичари од еден поинаков агол.