[Видео] Експерименти со гравитација инспирирани од филмот „Inception“

Австрискиот режисер и визуелен уметник Clemens Wirth создаде прекрасно визуелно дело со гравитациони експерименти наречено „Гравитација“. Со исклучок на еден сегмент, кој прикажува дигитална црна ткаенина, сите визуелизации се направени со практични ефекти во посебна опрема што може да се ротира за 360 степени, со или без камера. Уметникот вели дека инспирацијата ја добил од филмот „Inception“ и сличен проект од пред неколку години на Feedme Design.