Кратките филмови „Еко пожар“ и „Боксерска вреќа“ се победници на шестото издание на училишниот Фестивал на кратки филмови организиран од приватната гимназија „Алгоритам“.
Според стручното жири, првата награда му припадна на ученикот Димитри Димовски од скопското основно училиште „Владо Тасевски“, додека второто место го освои Сања Дамеска од прилепското училиште „Блаже Конески“.
„Еко пожар“ ја доби и главната награда според гласовите на публиката, поточно со освени 370 гласа.
Гимназија Алгоритам победниците ги наградува со стипендии. Сите останати ќе добијат пофалници и сертификати за учество.
На натпреварот се пријавија вкупно девет кратки филмови. Во продолжение, погледнете ги победничките филмови: