[Видео] Дали постои волја за справување со корупцијата?

„Катица Јанева досега не е повикана на распит во Јавното обвинителство“, вели републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. За Јавното обвинителство „Рекет“ е приоритетен предмет, а за Марко Трошановски, од Институтот за демократија, овој случај е клучен тест за враќање на довербата во правната држава која е во континуиран пад, но и параметар од кој ќе зависи евроатлантската перспектива на земјата.

Во августовскиот видео поткаст на РесПублика се дискутира дали има доволно волја за расчистување со високата корупција во земјава и кои се петте чекори што треба итно да се преземат за владеење на правото. Се дискутира и за недостигот од финансиски и човечки капацитет на ЈО за ефикасни истраги, за новиот Закон за јавно обвинителство и за предлогот за ветинг на обвинителите.