[Видео] Дали моето дете е зависно од видеоигри?

Светската здравствена организација ја прогласи зависноста од видеоигри како ментално нарушување, а Американската асоцијација на психијатри го спореди нејзиниот интензитет сличен како зависноста од коцкање, пушење, наркоманија.

Во Македонија недостасуваат истражувања за да видиме дали имаме зависници од видеоигри, и покрај тоа што оваа брзорастечка медиумска индустрија масовно намамува и возрасни и деца. Во видео поткастот на Рес публика дискутираат психологот Јорданка Черепналкова – Трајкоска од Македонската асоцијација и гејмерот Блаже Минов.