[Видео] Да ти нацртам: Ѕирни во џебот на државата

Бидејќи од се што заработуваме, околу една третина и даваме на државата, екипата на Балкон3 одлучи да ѕирне во џебот на државата за да види што прави таа со нашите пари.

Видеото погледнете го во продолжение:

Ревизорските извештаи на основниот буџет покажуваат дека поголемиот дел приходи на државата се обезбедуваат од даноците што ги плаќаат луѓето. Просечен поединец ја финансира државата преку најмалку пет даноци: данок на доход, данок на добивка, ДДВ, акцизи и царини. Сето тоа или се одбива од парите што ги заработуваме или се додава во цените што ги плаќаме.

Балкон 3 ги разгледува трошењата на 15 институции со најголеми поединечни буџети, од кои 13 се од централната власт, една од судската власт и една од локалната самоуправа. Институциите опфатени со ова истражување се: – Генерален секретаријат на Владата – Служба за општи и заеднички работи – Министерство за внатрешни работи – Министерство за одбрана – Министерство за финансии – Министерство за транспорт и врски – Министерство за образование и наука – Министерство за здравство – Министерство за труд и социјална политика – Фонд за пензиско и инвалидско осигурување – Фонд за здравствено осигурување – Агенција за вработување – Агенција за финансиска поддршка на земјоделството – Судски буџет – Град Скопје.