[Видео] „Буџинкан Македонија“ покажува техники за самоодбрана при напад на улица

Клубот за класични јапонски боречки вештини „Буџинкан Македонија“ на 9-ти и 10-ти февруари организира бесплатна „Работилница за самоодбрана за жени“ .

Учесничките на работилницата ќе имаат можност да се запознаат со техниките на борба кои пред повеќе векови биле развиени од страна на јапонските жени-воини, познати под името Куноичи.

„Буџинкан Македонија“ е првиот македонски клуб за боречки вештини кој уште во 2008 година почна да организира вакви настани и оттогаш работилницата стана синоним и место каде што девојките и жените можат да научат техники за самоодбрана при несакани ситуации.

Пријавувањето е во тек на телефонскиот број 075 564 011.

Емилија Петреска