[Видео] Бендот „June“ во Engage Kicks & Gigs

Во новата епизода на Engage Kicks & Gigs го слушаме скопскиот бенд „Џун“ (June). Неговиот инди/кантри мелос кој се забележува во првичните албуми „Someday soon“ и „Indian summer“ го направи бендот препознатлив и надвор од границите.

Во 2015 година беа единствениот македонски бенд кој настапи на реномираниот „Сигет“ во Будимпешта. Тие имаа можност бесплатно да снимаат во култното „Студио М“ во Нови Сад како добитници на главната награда на „Converse rubber tracks“, натпреваруваќи се со 100 други учесници.

Членови на „June“ се Бојана Низамовска – вокал, акустична гитара, Филип Арсов – акустична гитара, електрична гитара, придружни вокали, Јане Трајковски – електрична гитара, труба, Данчо Поповски – бас и Анте Гулин – тапани, усна хармоника , придружни вокали.

Нив ги слушаме со „Instant love“ , „Shine“ и „Nova“ од нивниот последен, трет албум, „Living fot the weekend“, во кој се враќаат на корените на рокенрол музиката.

Звукот е на Ненад Трифуновски, a видео монтажа – Горјан Атанасов.