[Видео] Аерозагадување – новиот симбол на Балканот

Аерозагадувањето руши рекорди, концентрацијата на штетни честички во воздухот во сите држави на Балканот е неколкукратно над дозволеното. Грамадните термоцентрали кои користат јаглен и застарена технологија за производство на струја забревтано работат, чадот се издига високо на небото. Автомобилите со ниски еколошки стандарди, кои од ЕУ завршија на балканските патишта се тркалаат низ улиците, оставајќи траги зад себе. Земјите од регионот боледуваат од иста болест.

Документарниот филм „Аерозагадување – новиот симбол на Балканот“ го изработи Институтот за комуникациски студии.