[Видео] „21 век“ објавија спот за песната „Ќе завршам под мостот“

Составот „21 век“ го промовираа спотот за песната „Ќе завршам под мостот“, а во „Винил“ имаше и слушачка промоција на истоимениот деби албум – „21 век“.

Бендот го сочинуваат Васко Атанасовски, Раде Јовановски и Дени Крстев. Нивниот албум првенец е издаден од „Балкан Велики“, а е создаден и снимен од јули до септември годинава во скопското студио „1060“. На 16 ноември ќе го промовираат и на деби концерт.

Режија на видео-спотот е на Милан Блажевски, кој е одговорен и за камерата заедно со Јосип Здравковски.