Вечерва се отвора изложбата „Вежбање јавност во простор во време на исечени дрва“

Во Паркот на Франкофонијата во Монтажна галерија вечерва од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Вежбање јавност во простор во време на исечени дрва“ на уметниците Зоран Шекеров и Анастасија Пандиловска.

„’Вежбање јавност во простор во време на исечени дрва’ e yметничко-истражувачки проект кој го поставува прашањето за присутноста на агресијa во јавниот простор. Oдносно, доколку агресијата е однесување кое е карактеризирано како контакт и комуникација со други луѓе со примена на сила, aвторите преку нивните практики, го вежбаат својот пристап и воспоставувајки дијалог помеѓу нив разгледуваат што би значело агресија во јавен простор и и на кој начин таа влијае во формирањето и одржување на јавност во просторот.

Поаѓајки од различните пристапи во нивните практики, Зоран Шекеров, уметник-фотограф кој има документаристички пристап кон медиумот и Анастасија Пандиловска, уметница-истражувач која во својата пракса се фокусира на создавањето на просторот како синтеза помеѓу менталното – кое се однесува на давање, задржување и потврдување на значењето и физичкото што е врзано за нашите сетила кои ни помагаат да го доживееме просторот, тие, го истражуваат социо-политичкиот и културолошки контекст во кој таа агресија е создадена. Играјќи со естетските елемнти во кои тие ја пронаоѓаат агресивноста градат нелинеарна наратива преку која откриваат и реагираат на сцени од нашите секојдневија“, стои во најавата за изложбата.

Повеќе за уметниците може да видите во ФБ настанот за изложбата.

Проектот е финанскиски поддржан од Министерство за култура на РМ и Центар за современи уметности Скопје.