Вечерва ново ноќно искачување на Водно

Вечерва во 19:30 часот ќе се одржи уште едно ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно.

Овој настан е од јавен карактер, што значи на оваа вечерна прошетка може да учествуваат сите оние кои мислат дека имаат доволно кондиција да се искачат до Милениумскиот Крст.

Патеката по која ќе се пешачи е долга речиси 5 км и се пешачи околу 1:30 до 2:00 часа.

Стартно и собирно место- пред “Оу. Кочо Рацин”. во 19:15 часот. (на истото место групата треба да се врати на полноќ)

-Доколку има заинтересирани кои сакаат да тргнат од средно Водно, треба да бидат Кај фонтаната во 20:15 часот.

Ќе има 1 официјални паузи:
– На Средно Водно (5 до 10 минути)

Задолжителна опрема:
– Соодветни чевли за пешачење
– фенерче*
– резервна маица
– вода
– овошје, и храна по избор
– Ранец
– Фотоапарат
– Пари за чај

НАПОМЕНА: Доколку се пријави некој со послаби кондициони способности, организаторите препорачуваат да се искачи само до Средно Водно.

Секој учествува на своја одговоост.