Вечер ќе се одржува „Зимско ноќно искачување на Водно“

Од 17:30 часот, под полна месечина, ќе се одржува „Зимско ноќно искаќување на Миленумскиот крст на Водно“, како дел од иницијативата „Осветли го Скопје“.

Организаторите на иницијативата велат дека патеката по која ќе се искачуваат е долга 5 километри и се пешачи околу два часа.

Стартно и собирно место е пред ОУ „Кочо Рацин“ во 17:30 часот, а на истото место насобраната група ќе се врати најдоцна до 23 часот.

„Доколку има заинтересирани кои сакаат да тргнат од средно Водно, нека бидат Кај фонтаната во 18:15 часот.
Ќе имаме една официјална пауза – на Средно Водно од 10 минути“, велат од иницијативата.

Од таму упатуваат на задолжителна опрема – зимски чевли, фенерче, топла облека, ранец, резервна маица, храна и овошје…

„Доколку се пријави некој со послаби кондициони способности, му препорачуваме да се искачи само до Средно Водно. Секој е на своја одговорност“, велат од иницијативата.