[Вебинар] Пандемии: Први знаци за промените на животната средина кои следуваат

Дали сакате да дознаете повеќе за импактот на Ковид-19 врз нашата почва, воздух, вода? Како да ги превенираме овие промени? Во понеделник, 14 декември во 17:00 часот, на платформата за видео комуникација – Зум ќе има вебинар насловен „Пандемии: Први знаци за промените на животната средина кои следуваат“.

Предавањето ќе се обиде да ги потенцира проблемите кои се закануваат на животната средина и ќе се стреми кон подигнување на свесноста кај младите за овој значаен сегмент од целокупното општество. По завршувањето на предавањето ќе имате можност да фотографирате одредени загадени места, нечист воздух, загадени реки и слично. Тие фотографии ќе бидат дел од кампања за зачувување на животната средина и ќе бидат објавени на социјалните мрежи на Младинскиот образовен форум.

„По речиси една година помината во затворени простори, со минимално и ограничено движење, луѓето започнаа повеќе да ја ценат животната средина. Пандемијата не натера да ја набљудуваме природата поблиску и повнимателно и почнавме да ја наоѓаме вредноста на здравите екосистеми. Повразноста на пандемиите со природата е јасна. Колку повеќе ја уништуваме природата толку повеќе пандемии. Колку повеќе пандемии, толку помалку време да се грижиме за неа“, стои во најавата на настанот.

Предавањето ќе го одржи Кирил Арсовски – Пржо, биолог и еколог, кој се занимава со истражувања на националниот биодиверзитет и урбаната екологија. Поранешен претседател на Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), член на Македонското еколошко друштво (МЕД) и стипендист на Бугарската фондација за биодиверзитет. Граѓански активист, кој редовно пишува анализи и држи предавања од областа на заштита на животната средина.

Доколку сакате да го следите предавањето се што треба да направите е да ја пополните апликацијaта:  https://forms.gle/kabLgRmifPUj3e227  и да се вклучите на линкот на платформата за видеокомуникација – ZOOM, кој ќе ви биде испратен на вашата мејл адреса.

Овој вебинар се организира во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.