„Вашиот прилoг – значајна помош“ – Црвен крст ја одбележува „Неделата на солидарноста“

Црвениот крст на Република Македонија под мотото ,,Вашиот прилог – значајна помош,, oд 16 до 22 април ја одбележува традиционалната „Недела на солидарност“.

Во рамки на активностите, ќе се одржи Собирна акција со цел како што велат од Црвен крст, да се побуди чувство на хуманост, взаемност и солидарност кај граѓаните, посебно кај младата генерација за меѓусебната помош и поддршка, како и да се обезбеди соодветна помош за најранливите категории на население.

Во акцијата може да се донира храна, облека, обувки, средства за хигиена, и истите можат да се предадат во општинските организации на Црвениот крст.

Граѓаните и компаниите можат да донираат и парични средства:
– Со повик на мобилните телефонски броеви – донација од 100,00 денари: 070/075/077 143 400
– Со уплата на донациите на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на Република Македонија: 300000001327966 АД Комерцијална банка, ДБ 4030984271620.

Во текот на оваа недела се организира и акцијата ,,Од куќа до куќа,, во која волонтери на општинските организации на Црвен крст ќе извршат посети на граѓани во нивните домови кои можат да донираат средства според нивната желба и можност.

Собраните парични средства од акцијата ќе бидат наменети за обезбедување на помош во храна за семејства во социјален ризик.