Ванеса Меј со порака до македонските власти да запре насилството врз животните

Отворањето на Охридско лето со меѓународната звезда Ванеса Меј понуди многу повеќе од спектакуларно музичко уживање – Ванеса Меј сподели порака за хуманост и против насилство врз животните во Македонија.

Како што соопштија од „Анима Мунди“, познатата биртанска виолинистка Ванеса е веган и борец за нивните права, згрозена од начинот на кој се третираат во целата држава. „Реалност, а не хорор филм“ е краткото видео со обраќање и барања до институциите како нејзината порака до јавноста и македонската влада.