Утре автобусите на ЈСП по неделен возен ред

Поради државниот празник Илинден, утре автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници: „Транспортен центар“ и „Зелен пазар“ од 7 до 19.30 часот, а билетарницата „Ѓорче Петров“ од 7 до 13 часот, соопштија од ЈСП – Скопје.