УСС испрати барање до УКИМ за сеопфатна дигитализација на Универзитетот

Развој на платформа за далечинско учење бара Универзитетското студентско собрание. Барањето е упатено до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ пред почетокот на новата академска година.

Тоа подразбира дигитално пријавување на испити, упис и заверката на семестри, валидација на финансиските уплати на студентите и електронско плаќање, како и електронски потврди и уверенија.

„УСС“ испрати барање до УКИМ за сеопфатна дигитализација на Универзитетот

-Развој на платформа за далечинско учење (споделување наставни материјали, известувања до студентите, одржување испити, пополнување прашалници, прикачување на решенијата од домашните задачи, лесно организирање на наставата и дискутирање преку форум)

-Дигитализација на административното работење со студентите (пријавување на испити, упис и заверката на семестри, валидација на финансиските уплати на студентите и електронско плаќање, електронски потврди и уверенија)“, објавија од УСС УКИМ.

Како што веќе пишуваше Радио МОФ, покрај дигитализација на административнот дел, студентите на УКИМ имаат сериозен проблем и со учебниците кои во голем дел им се недостапни онлајн. Овој проблем дополнително се актуелизираше поради затворањето на факултетите во март, за спречување на пандемијата КОвид 19.