Воскресија Андреевска е уметник/графички дизајнер и илустраторка од Скопје. Потекнувајќи од уметничкa фамилија, светот на уметноста отсекогаш бил предодреден за неа. Па така, цртежот и боењето се дел од нејзиниот живот уште од најмала возраст.
„Во слободното време сум посветена на сликарството. Го сакам експресионизмот и тоа е мојот главен фокус, поттикната од нагонот да ги рефлектирам моите емоции. Сакам да експериментирам со бои и материјали и сакам моите креации да ги претставуваат приказните што живеат во мојот ум. Мојата инспирација е моето секојдневие, музиката, природата, поезијата, животните и луѓето“, вели таа за Радио МОФ.
Дизајнот и дигиталната уметност се нешто кон кое чувствува огромна пасија и со огромна решителност и желба ги научила сама. Досега има работено на илустрации и дизајн на корици за книги, поетски илустрации, дигитална уметност, постери, брендирање/визуелен идентитет, рекламирање и маркетинг дизајн…
„Моите креации најчесто ги започнувам со рачно нацртани композиции користејќи традиционални медиуми кои потоа ги доработувам дигитално. Секогаш истражувам и барам нови начини кои ќе ги оживеат моите дела. Сакам да ја истакнат визуелната симболика која сакам да ја обвиткам во илустрацијата“, истакнува Андреевска.
Добитничка е и на повеќе награди и признанија во областа на дизајнот. Била дел на бројни резиденции, работилници и проекти во земјата и странство. Досега одржала пет самостојни изложби, а учествувала и на многу групни.
Од неодамна го истражува NFT светот, односно уникатните виртуелни токени, па за наредниот период најави и таков проект.
„Уметноста е мојот имагинативен свет без граници“, вели младата уметница, чии дела се достапни на Behance.
Андреевска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram