Уметничкото дело „Автопортрет“ е оригинален Ван Гог, потврдија експертите

Потврдено е дека уметничкото дело „Автопортрет“ е нацртано од холандскиот мајстор, додека тој закрепнувал во психијатриската болница „Св. Реми“ по психотична епизода.

Сликата насловена „Автопортрет“ од 1889 година била откупена како оригинален Ван Гог во 1910 година од Националниот музеј во Норвешка, но двоумици околу автентичноста на сликата постојат од 1970 година.

Сомневањата се отфрлени бидејќи истражувачите открија дека сликата е оригинална и нацртана од холандскиот сликар за време на неговиот престој во болницата „Св. Реми“ додека се опоравувал од психотична епизода.

Луис Ван Тилборх од музејот посветен на Ван Гог изјавил дека сликата која е нацртана по техниката „масло на платно“ од страна на уметникот била завршена кон крајот на летото во 1889.

„Сликата е единственото познато уметничко дело кое Ван Гог го нацртал за време на својата психоза. На сликата доминираат тмурни зелено-кафени тонови кои го прикажуваат уметникот со безживотна експресија“ – изјавил Тилборх. Сликата се поврзува со писмо кое уметникот го пратил на неговиот брат Тео во септември во кое тој зборува за автопортретот со зборовите „обид за цртање кога бев болен“.

„Автопортрет“ (1889)

„Кога ја донесовме сликата во 2014 година не предупредија и ни рекоа дека можеби резултатите нема да ни се допаднат, а постоеше и можноста дека никогаш нема да откриеме. Поради тоа бевме многу среќни кога не известија дека е оригинална“- изјавила Маи Брит Гуленг од Норвешкиот музеј.

“Автопортретот од Осло претставува личност со ментално заболување. Неговиот страничен, срамежлив поглед е лесно препознатлив и е најчест кај пациенти кои страдаат од депресија и психози“ – додава таа.

Ван Тилборг, поискусен истражувач во музејот и професор по историја на уметност на Универзитетот во Амстердам, за „Гардијан“ изјавил дека Ван Гог се плашел да признае дека бил во слична состојба како останатите пациенти во болницата.

„Тој најверојатно го нацртал овој портрет за да се помири со она што го видел во огледалото, човек кој не сакал да биде – а бил. Ова е елемент што ја прави сликата толку извонредна, па дури и терапевтска. Тоа е единственото дело на Ван Гог за кое е сигурно дека е нацртано додека страдал од психоза“ – вели тој.

Тилборг изјавил дека според него, ова не е најдобрата слика на Гог, но тој многу ја засакал.

„Гог подоцна вели дека неговите слики понекогаш биле плач од болка. Епа, ова е крик на болка. Ова дело припаѓа на мала група на слики кои покажуваат дел од неговото ментално здравје и како тој се справувал со тоа, или се обидувал да се справи“ – додал Тилборг.

Извор: Independent