Улична акција против визи во Европа

Организацијата „Млади европски федералисти“ (ЏЕФ Македонија) организира улична акција „За Европа без визи“. Настанот ќе се одржи во петок, на 20 септември, на плоштадот Македонија во Скопје, во 18 часот.

„Целта е да се подигне свеста кај младите луѓе во и надвор од Европа за пречките со кои се соочуваат младите Европејци чија што земја не е од шенген-зоната. Се сеќавате на проблемите со барањето визи, зар не? “, се вели во најавата на настанот.

Тој се организира една недела откако Европскиот парламент го усвои механизмот со кој се овозможува привремено воведување на визен режим за земјите од ткн. Западен Балкан, меѓу кои е и Македонија.