Украински новинар убиен во експлозија на автомобил

Утринава во центарот на Киев, во експлозија на автомобил-бомба почина познатиот украински новинар Павел Шеремет.

Познатиот автор на истражувачкиот онлајн весник Украинска правда возел кон работното место, кога неговиот автомобил експлодирал во центарот на Киев.

Шеремет го возел автомобилот на сопственикот на весникот, изјавил советникот на министерот за внатрешни работи, Антон Герашченко.

Двајца сведоци изјавиле дека слушнале силна експлозија од автомобилот.

„Јас сум во шок, не знам што да кажам. Ова останува на чесноста на полицијата, дали ќе го истражува случајот“, вели претседателката на националната полициска сила, Катја Деканоиџе. „Јас лично ќе го преземам случајот“, изјавила таа.

Основачот на Украинска правда, истражувачкиот новинар Георгиј Гонгаџе, беше убиен пред 16 години. Неговото тело беше пронајдено, обезглавено, во шума надвор од Киев. Инцидентот помогна да се забрза украинската Портокалова револуција.