Украина ќе го претворa Чернобил во соларна фарма

Контаминираниот нуклеарен отпад околу Чернобил може да биде претворен во една од најголемите соларни фарми на светот, која ќе произведува речиси третина од електрицитетот кој нуклеарната станица го генерирала пред да експлодира во 1986.

Во презентација напишана од најголемите банки и неколку пратеници од Украина, 6000 хектари напуштена земја во забранетата зона од 1000 квадратни километри во Чернобил, може да бидат претворени во станица за генерирање на соларна енергија, биогасови или струја. Инаку, таа зона се уште се смета премногу опасна за луѓе да живеат во неа.

„Дојде до промена во перцепцијата за забранетата зона во Украина. Триесет години после трагедијата во Чернобил, се откриваат можности за развој. Специјална индустриска зона ќе биде создадена во согласност со сите правила и регулации за безбедност од радијација, внатре во забранетата зона“, пишува во презентацијата.

Десетици илјади луѓе во Украина, Белорусија и јужна Русија беа евакуирани веднаш после несреќата во 1986 година. Неколку стотици луѓе се уште живеат во речиси празни села близу до Чернобил.

Има околу „6000 хектари напуштено земјиште, од кои дел може да се искористи за сместување на направи за генерирање на електрицитет, а некои за собирање на енергија“, наведено е во презентацијата.

Украинската влада вели дека повеќе од 1000 мегавати на соларна и 400 мегавати друга обновлива енергија ќе бидат генерирани во обновениот Чернобил. Пред експлозијата, нуклеарната станица имала капацитет од околу 4000 мегавати.