УКИМ го објави Конкурсот за упис на нови студенти

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во академската 2017/2018 година, каде има слободни маста за 10.818 студенти.

Според квотите одобрени од Владата, 5865 слободни места се за редовни студенти за кои годишната партиципација е 200 евра, 3793 места се за редовни со кофинансирање на студиите со 400 евра годишно и 1160 за вонредни студенти кои, исто така, плаќаат 400 евра.

Првиот рок за пријавување на кандидатите е на 17-ти и 18 август, вториот рок е на 4 септември, а на факултетите на кои ќе има слободни места третиот рок за пријавување за упис е на 15 септември.

Годинава со владина одлука беа  укинати дисперзираните студии , а по петгодишно мирување се отвораат за упис родовите студии на Филозофскиот факултет при УКИМ.