УКИМ донира еден милион денари за настраданите од поплавите

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе донира парична помош од 1.000.000 денари за настраданите од поплавените подрачја во скопско што ќе бидат употребени за санација и реконструкција на нивните домови.

Од Универзитетот изразуваат длабоко сочуство до семејствата на загинатите и настраданите во невремето.

Веќе четврти ден по поплавите како жителите на погодените подрачја, очајни и преморени, продолжуваат да ги чистат своите уништени домови, во исчекување на механизација што ќе го исчисти ѓубрето.

Во невремето кое во саботата го зафати Скопје и околината, зад себе остави 22 жртви, од кои најмалата имаше само две години.