УЈП: „МојДДВ“ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека е направено прилагодување на апликацијата „МојДДВ“ со што маскималниот износ е зголемен од 1.800 на 2.100 денари по корисник.

„Ова значи дека сите корисници на ‘МојДДВ’, ќе треба да ја преземат новата верзија на апликацијата од ‘Playstore’, ‘Appstore’ и ‘Huawei appgallery’. Измените веќе се видливи во апликацијата ‘МојДДВ’ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај“, известуваат од УЈП.

Во моментов апликацијата ја користат 523.673 граѓани, соопштува УЈП, a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу 6 милијарди денари.