Училиштата и градинките во Вухан повторно се отвораат

Учениците од основните училишта во Вухан го започнаа својот прв ден на улилиште. Училиштата и градинките од денеска повторно ќе бидат отворени со воведени мерки и здравствени упатства.

Властите ги замолиле учениците да носат маски од и до училиште и исто така предложиле да се избегнува јавниот превоз доколку е можно. Тие, исто така, направија планови за итни случаи да се вратат на наставата преку Интернет, доколку се зголеми ризикот.

Централниот кинески град, од каде се верува дека потекнува епидемијата Ковид-19, беше затворен повеќе од два месеци од крајот на јануари.

Дури 2.842 образовни институции низ градот треба да ги отворат вратите за скоро 1,4 милиони ученици и студенти кога ќе започне есенскиот семестар и полугодие.

Вухан стабилно се враќаше во нормала од април, кога беше укината блокадата, и не објави нови локални преноси на коронавирусот од 18 мај.

Бројот на загинати во градот од 3.869 претставува повеќе од 80% од вкупниот број на Кина.

Властите побараа од училиштата да обезбедат опрема за контрола на болести. Тие исто така им наредија да спроведуваат вежби и обуки за да помогнат во справувањето со нови епидемии.

Училиштата исто така се упатени да избегнуваат непотребни масовни собири и да доставуваат дневни извештаи до засегнатите здравствени власти.

Кина објави извештај за зголемување од само 26 потврдени случаи од петокот, со што вкупниот број достигна 82.830. Сите пациенти со коронавирус во Вухан сега се отпуштени.